Актерот Ричард Гир (74) неодамна присуствуваше на галата „Magic of Motown“ во Њујорк, заедно со неговата сопруга Алехандро Силва.Ричард Гир ретко се појавува во јавноста, а сега на важен настан во Њујорк се појави со сопругата Алехандра Силва, која е 33 години помлада од него.Шармантниот актер изгледаше елегантно во класична јакна , панталони и бела кошула. Алехандра Силва носеше фустан од тул во црна боја, кој е полупроѕирен и нежно слоевито паѓа на подот.Двојката блесна на настанот и беше магнет за очи. Тие се во брак од 2018 година, а заедно се од 2014 година, па оваа година слават 10-годишнина од љубовта.– Јас сум најсреќниот човек во универзумот – и како да не бидам? – изјави Ричард Гир зборувајќи за својот брак. – Оженет сум со убава жена која е паметна, чувствителна, посветена да им помага на луѓето, која е смешна, трпелива, која знае да прости, која е одлична готвачка – и која ги прави најдобрите салати на светот – додаде тој.Двојката никогаш не обрнала внимание на значителната разлика во годините меѓу нив. Гир еднаш истакна дека од самиот почеток било јасно дека се родени еден за друг, иако тој е 33 години постар од сопругата.
Пронајдете не на следниве мрежи: