Холивуд пронајде нова книга којашто ќе ја претвори во блокбастер. Ќе се адаптираат приказните од најпопуларната книга на сите времиња, Библијата.Девет години по успехот на „Хрстовото страдање“ којшто во кината ширум светот заработи 611,9 милиони долари, сите големи холивудски имиња од актерот Бред Пит до режисерот Стивен Спилберг повторно се насочија кон Библијата.Студиото „Парамаунт“ веќе го зграби Дарен Аронофски за да ја режира 125 милиони вредната адаптација на „Ное“ со Расел Кроу во главната улога. Филмот треба да се појави во кината кон крајот на 2014 година.Студиото Fox работи на филмот за Мојсеј, а главната улога би требало да ја добие Кристијан Бејл, додека филмот по името „Егзодус“ ќе го режира, Ридли Скот.И Warner ќе работи на филмот за Мојсej на Стивен Спилберг како главен кандидат за режија, додека Бред Пит ќе го толкува ликот Понти Пилат.Компанијата Sony ќе го продуцира филмот „Искупувањето на Каин“, нов поглед на братското предавство на Каин и Авел кој би требало првпат да го режира Вил Смит, додека Lionsgate работи на филмот „Марија, мајката на Христос“.Филмовите коишто се засноваат на приказните од Библијата беа исклучително популарни во 50-тите и 60-тите години на XX век кога еповите како „Десетте божји заповед“ владееја со киноблагајните.Жанрот потоа падна во заборав, а сега повторно се оживува поради потребите на студиото да заработи пари на веќе познатите ѕвезди.Предизвик е да снимиш филм со којшто ќе ги привлечеш масите, но нема да навредиш никого. Оваа лекција ја научи Мартин Скорсезе со филмот „Последното христово искушение“ од 1988 година којшто предизвика огромен гнев кај верниците.Марк Бурнет, извршниот продуцент на мини-серијата Библија, којашто овој месец почна да се емитува на каналот History Channel и којашто е традицонална адаптација на светиот текст, смета дека Холивуд ќе биде непријатно изненаден.„Мислам дека идната година некои луѓе нема да знаат што ги снашло. Тоа е Библија. Не е нешто со што може да си играте. 160 милиони Американци одат во црква секој месец и ним ќе им биде тоа многу важно“, предупредува тој.
МакфаксХоливуд пронајде нова книга којашто ќе ја претвори во блокбастер. Ќе се адаптираат приказните од најпопуларната книга