Хонг Конг е толку скап што архитектите ќе започнат со градење на домови од десет метри квадратни

Хонг Конг стана толку скап за градење што е незамисливо да купите стан доколку немате доволно финансиски средства. Поради тоа архитектите се сетиле да изградат куќи кои се протегаат на десет квадратни метри. Овие куќарки се изградени од бетонски водоводни цевки.
Во изминатите седум години Хонг Конг ја задржа титулата за најскап град на светот за купување на куќи, пишува Бизнис Инсајдер.


Џејмс Ло, архитект од Хонг Конг смета дека неговите микро-домови би можеле да помогнат во ублажување на станбената криза во градот. Неговите мали куќи се сè само не типични, имено куќарките се направени од бетонски водоводни цевки, а нивниот ентериер е опремен со сите погодности на модерниот дом.
Компанијата на Ло, Џејмс Ло Сајбертекчр произведе куќа во вид на цевка во која во десет квадрати може да биде сместен кауч кој се расклопува во кревет, полици, фрижидер, микровална печка и тоалет со туш.


Иако дизајнот на куќата моментално е само прототип, Ло наведува дека во иднина планира да ги продава, а неговиот тим бара дозвола за нивна изградба.
Секоја куќа чини 15.000 долари. Тоа не е ефтино, но е многу поефтино од просечната цена за нов дом во Хонг Конг. Имено, стан од 60 метри квадратни во овој град чини неверојатни 1,8 милиони долари.
“Во Хонг Конг многу луѓе живеат во тешки услови поради исклучително високите цени, трошоци за живеење и неадекватно јавно сместување. А, овие куќарки се поефтина алтернатива”, рекол Ло.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.