Хонконгшкиот Дизниленд повторно затворен поради нови случаи на корона вирус

Хонконгшкиот забавен парк „Дизниленд“ соопшти во понеделникот дека ќе затвори привремено, поради новите загрижености за коронавирус во кинескиот автономен регион. Најавата доаѓа помалку од еден месец откако паркот беше отворен на 18 јуни.
Како што се бара од владата и здравствените власти во согласност со напорите за превенција што се одвиваат низ Хонг Конг, паркот на Хонг Конг Дизниленд ќе биде привремено затворен од 15 јули, се вели во изјавата на Дизни.
Претходно истиот ден, извршниот директор на Хонг Конг, Кери Лам, изјави дека градот ќе ја намали границата на групни собири од 50 на 4 лица, откако 52 нови случаи на Ковид-19 биле пријавени во претходните 24 часа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.