Минатата ноќ во белградската населба Калуѓерица се случило страотно убиство. Имено 20-годишниот Павле Т. ја заклал својата 56-годишна мајка Татјана. Тој несреќната жена повеќе пати ја прободел во градите, а потоа и го пресекол вратот.
За кратко време на местото на убиството пристигнала Итната медицинска помош и лекарите се обиделе да ја реанимираат настраданата жена. За жал и немало спас, па само можеле да констатираат смрт.
По убиството момчето избегало од местото на злочинот, но по само 10 минути полицијата го пронашла и го уапсила. Исто така полицијата го пронашла и ножот со кој Павле ја убил Татјана.