Хорор во Берлин: Со “Порше“ влета меѓу пешаци, четворица загинаа на место меѓу кои и бебе

Засега непознато лице влета со џип марка “Порше“ во пешаци на тротоар во Берлин, при што загинаа четири лица меѓу кои и бебе. Две лица се повредени, а несреќата се случила во населбата Мите.
Како што наведува локалниот весник “Берлинер Моргенпост“ на самото место дошле 25 пожарникари. До доцна во ноќта истражувале со термални камери дали под остатоците на возилото има уште повредени лица.
Засега не е познато зошто возачот влетал меѓу пешаците.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.