Хорор во Паг: Татко си ги фрлил четирите деца од прозорец

Педесет и четиригодишен маж од Паг, Хрватска утрово си ги фрлил четирите малолетни деца од првиот кат на семејната куќа, по што децата итно се префрлени во општата болница во Задар. Локалните медиуми неофицијално пренесуваат дека станува збор за деца на возраст од 3, 5, 7 и 8 години.
Од четирите малолетни деца две се тешко повредени, а две се надвор од животна опасност, пренесува агенцијата Hina повикувајќи се на директорот на болницата во Задар.
“Две деца се тешко повредени и се наоѓаат на одделот за интензивно лекување, а две се надвор од живтона опасност. Сѐ уште траат испитувањата“, рекол за агенцијата директорот на задарската болница, Жељко Чулина.
Засега не е позната причината за овој монструозен потег на родителот, само е познато дека во време на инцидентот во домот била и мајката на децата. Полицијата само соопштила дека го притворила таткото-злосторник и го испитува.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.