четврток, 19 ноември 2026
Најново

Хорор во родниот град на Зеленски, нападот на руските сили на Кривји Рих: Од урнатините се извлечени телата на три деца (фото)

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Денеска од под урнатините на петкатница во украинскиот град Кривји Рих беа извлечени телата на трите деца кои беа убиени во напад на руските сили во понеделникот, пренесува „Укринформ“.Според украинската агенција, во нападот загинале вкупно четири лица.Шефот на регионалната воена администрација Сергеј Лисак првично на мрежата Телеграм објави дека се пронајдени телата на две деца, по што претседателот на Советот за одбрана на Кривји Рих, Олександр Вилкул, објави дека е пронајдено и трето.Канцеларијата на јавниот обвинител на Украина во понеделникот извести дека осум лица се повредени, меѓу кои и 10-годишно девојче и 11-годишно момче. Шефот на регионалната воена администрација Сергеј Лисак првично на мрежата Телеграм објави дека се пронајдени телата на две деца, по што претседателот на Советот за одбрана на Криви Рих, Олександр Вилкул, објави дека е пронајдено и трето.Канцеларијата на јавниот обвинител на Украина во понеделникот извести дека осум лица се повредени, меѓу кои и 10-годишно девојче и 11-годишно момче. Во кривичната постапка е поведена предкривична истрага за прекршување на законите и обичаите на војната. 

Поврзани вести