среда, 25 ноември 2026
Најново

Хорор во Скопје: Манијак од Волково принудувал на полови дејствија 5 годишно девојче

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 23-годишник од Волково, бидејќи се обезбедени докази дека извршил други полови дејствија со девојче кое не наполнило 15 години согласно член 188 став 5 од Кривичниот законик.

-Во временскиот период од мај до јули годинава, обвинетиот во својот дом принудувал петгодишно девојче на полови дејствија и и се заканувал дека не смее да му кажува за тоа на нејзиниот татко, информираат од Обвинителство.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Заедно со обвинението, надлежниот јавен обвинител до судот поднесе и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

Поврзани вести