Хорор во Словачка: Млад човек по потекло од Србија брутално убил бремена девојка и скокнал под воз? Детето викнало полиција (ФОТО)

Телото на трудница (32) било пронајдено денес околу 13 часот и 30 минути во семејната куќа во словачкиот град Сладковичево.Трудницата, која локалните медиуми ја нарекуваат само Моника, имала траги од нож на стомакот.Порталот Новини јавува дека телото го пронашол нејзиниот дванаесетгодишен син, кој веднаш повикал полиција.За жал, Брзата помош не можела да направи ништо за да ја спаси. Моника наводно била бремена во четвртиот месец.– Нешто пред 13 часот и 30 минути добивме повик со барање помош на жена која не давала знаци на живот. Веднаш испративме брза помош. Лекарот можел да констатира само смрт – објасни Петра Климешова од Оперативниот центар на Спасувачката здравствена служба.ТВ Новини неофицијално наведува дека трудницата ја убил нејзиното поранешно момче кое наводно по потекло е од Србија и кое по злосторството скокнало под воз.

Пронајдете не на следниве мрежи: