Вечерва, семејна трагедија го потресе Тетово. Според првичните неофицијални информациите татко со ловечка пушка си го убил синот, објави ТВ21.
На местото на настанот веднаш пристигнала полицијата која го пронашла оружјето со кое е извршено убиството.
Како што дознава ТВ21, сомнежите се појавиле откако жртвата два дена не излегла од дома и не одговарал на телефонските повици, по што негов другар пријавил во полиција,
Поради нарушена здравствена состојба таткото е пренесен во болница.