Хорор за време на летот Келн – Скопје: Големи турбуленции, страв и паника кај патниците

Синоќешниот лет од Германија кон Македонија, поточно летот од Келн кон Скопје ќе им остане долго во сеќавањата на патниците од авионот. Како што пишува порталот ин7.тв за време на летот се се случиле големи турбуленции кои траеле повеќе од нормално.
Силно тресење и стравот предизвика вистинска паника кај патниците кои што патуваа со авионот на една позната компанија.


Како што дознава ин7 од патницо кои што биле во авионот, надвор имало силен ветер и никој од нив не се сомнева дека можеби станувало збор за некој технички пороблем на авионот.
-Се вознемиривме. Турбуленциите беа силни и траеа долго. Во еден момент видов еден паднат патник на кој што стјуардесите му помагаа. Не ми се случило никогаш порано ова, открива еден од патниците во авионот за ин7.тв.

 

Извор: ин7.тв

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.