Седумнаесетгодишен ученик од Скопје, со убодна рана во пределот на левото рамо бил донесен вчера во Градска општа болница „Свети Наум Охридски“, информираат од МВР. Повредата му ја нанел 15-годишник од истото средно училиште во Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.



