Студентите сместени во домот „Браќа Миладиновци“ во Штип се жалат на недоволна и несоодветна исхрана, лоши санитарни услови и ограничен простор за учење, објави Студентарија.
Според фотографиите што ги испратиле студентите, за цел викенд добиваат конзерви паштета и месен нарезок, а 130 студенти се борат за место во две туш кабини и на располагање имаат само шест тоалети.
„Студентарија“ пишува дека цел викенд им била сервирана само конзервирана храна – две паштети, две конзерви месен нарезок, едно чоколадо и еден кроасан, што им бил единствениот оброк за два дена.
Слична е ситуацијата и во текот на работната недела. Според тврдењата на студентите оброците ретко содржат салата, овошје или десерт и не ги исполнуваат нутритивните стандарди што би требало да важат за еден студентски дом.
Студентите немаат место ниту во читалните. Според фотографиите, станува збор за простории кои се преадаптирани како „читални“.



