Три непознати лица излегле од автомобил марка „Мерцедес“ и физички нападнале 21-годишно момче кое во моментов се бори за живот на скопските клиники.
Како што соопштија од МВР инцидентот се случил на автобуската постојка на булевар „Александар Македонски“ вчера, помеѓу 17,30 до 17,40 часот а напаѓачите по нападот веднаш избегале.