Д.Б.(45) вчера пријавил во полициска станица дека 12,30 часот во Основно училиште во населбата Бутел, за време на настава на неговиот 13- годишен син од страна на наставник со употреба на дрвен стап му е нанесена телесна повреда по рацете и вратот.
Веднаш по пријавувањето на настанот било излезено на местото на настанот од страна на полициски службеници од Полициската станица Чаир.
Известен бил Јавен обвинител и се работи на целосно расчистување на случајот.