Кои намирници одговараат на кој хороскопски знак и која е тајната на витката линија на секој од нив, прочитајте во следниве редови.
Овен: Нетрпелив гурман
Заради нивната запалива природа, тие лесно ги согоруваат калории и не им е потребно долго време изгубат на телесната тежина. Меѓутоа кога ќе здогледаат богата трпеза, неможат да одолеат. Често патат заради седечкиот начин на живот, заради кој им се советува неделен пост. Треба да јадат многу овошје и да внесуваат доста течности, посебно чаеви,кои ќе им помогнат да ја отстранат надуеноста. Понекогаш треба д аги користат супите од зеленчук и интегрални житарки за да го задржат здравиот начин на живеење. Исто така не треба да бидат нетрпеливи за време на јадењето затоа што последиците веднаш се гледаат на нивното тело.
Рак: Зачинувач на емоции
Сакаат да готват, а најдобар дел од тој процес за нив е декорацијата на чиниите. Сакаат убаво поставен оброк кој мами и со мирис и со вкус. Кога ќе сфатат дека храната не е утеха, нивната фигура ќе има корист. Нивна слаба точка се колачите и грицките. Ако направат торта, нека пробаат да не ја изедат цела сами, но тука е и Месечевата диета која е створена за нив. Тогаш треба да пијат многу чај, вода и за да направат разлика во својата внатрешна состојба.
Девица: Витка и здрава
Тие се свесни за здравјето кое доаѓа од храната која што секојдневно ја конзумираме. Покрај здравата исхрана најчесто и вежбаат, јога или пилатес. Девиците најчесто се толку витки што им треба диета за дебелеење. Нивната евентуална слаба точка се пороците, алкохолот и цигарите. На нив им треба само повеќе сон и помалку излегувања. Треба да пијат повеќе овошни сокови и чај од слез за да ги прочистат дишните патишта. Треба да постат еден ден во неделата, но со сокови од свежо овошје и зеленчук. За време на празниците не треба да претеруваат со торти и колачи затоа што и две парчиња за нив ќе бидат многу.
За повеќе кликнете на следниов линк: tzm.mkКои намирници одговараат на кој хороскопски знак и која е тајната на витката линија на секој од нив, прочитајте во сле