Пребрзото заљубување може да биде многу проблематично, а овие хороскопски знаци дефинитивно немаат проблем со тоа. Се заљубуваат толку полека и внимателно, што понекогаш стануваат иритантни.
Рак
Најголемите емотивци од сите хороскопски знаци, воедно се заљубуваат и најполека, од многу едноставна причина – еднаш кога ќе се заљубат, ќе се заљубат повеќе од било кој друг. Раковите не прифаќаат половина решение, кога е во прашање љубовта, затоа попрво би одлучиле да бидат сами, отколку да се во врска во која не се заљубени „до уши“.
Водолија
Водолиите мислат дека заљубувањето е одлична работа – за другите. Себеси сепак повеќе сакаат да се видат во слободен статус, бидејќи љубовниот живот го држат на прилично основно ниво.
Девица
Овој знак многу сака да се заљуби, но секогаш нешто тргнува наопаку. Девиците тешко се опуштаат и тешко им веруваат на другите, затоа за нив заљубувањето е сложен процес, кој многу често излегува од „колосек“.
Јарец
Просечниот јарец знае точно што сака во љубовта и знае точно како треба да изгледа личноста во која ќе се заљуби. Не прифаќа ништо помалку од идеално, а еднаш кога ќе ја пронајде својата идеална личност, многу бргу сфаќаат дека и таа има свои недостатоци. Затоа често се одљубуваат и продолжуваат со потрагата по совршенство.