Некои луѓе едноставно имаат необичен талент да се заљубуваат во оние кои не можат да им го дадат она што го сакаат.
Без оглед на предупредувањата од околината или лошите искуства од минатото, тие упорно избираат партнери кои се емоционално недостапни, недоверливи или манипулативни.
Наместо да бараат стабилност и сигурност, тие ги привлекуваат предизвиците и илузијата дека љубовта ќе ја промени личноста што ја сакаат. Според астрологијата, таквите луѓе се родени во овие знаци на Зодијакот.
Риба
Рибите се непоправливи романтичари кои секогаш веруваат во најдоброто во луѓето, дури и кога реалноста им го покажува спротивното. Нивната чувствителна природа и силната емпатија често ги водат до врски каде даваат многу повеќе отколку што добиваат.
Припадниците на овој знак ги идеализираат своите партнери, ги игнорираат црвените знамиња и се убедуваат себеси дека личноста ќе се промени – само ако ја сакаат доволно. За жал, ова често води до разочарување и емоционална болка.
Покрај нивната склоност да избираат емоционално недостапни луѓе, Рибите тешко се откажуваат од минатите врски.
Нивната носталгија и верувањето дека некои љубови се судбини може да ги задржи во токсични врски многу подолго отколку што треба. Дури и кога знаат дека нешто не е добро за нив, тешко се одлучуваат да го прекинат, надевајќи се дека некако работите сами ќе се подобрат.
Вага
Вагите се знак кој ја сака љубовта повеќе од се, но токму оваа потреба за врска често ги води во погрешни врски.
Нивната желба за хармонија и романса може да ги натера да останат во врска која не им носи среќа, само за да избегнат конфликт или осаменост.
Наместо да поставуваат јасни граници и да ги заштитат своите емоции, Вагите често попуштаат и се обидуваат да му угодат на партнерот – дури и ако тоа значи занемарување на сопствените потреби.
Нивната тенденција да ја идеализираат врската понекогаш ги спречува да ги гледаат работите онакви какви што се.
Често се обидуваат да ги „поправат“ проблематичните врски и да се убедат себеси дека работите ќе се променат, наместо да прифатат дека се со погрешна личност.
Кога конечно ќе сфатат дека е време да се стави крај, Вагите тешко се опоравуваат бидејќи се навикнати да го вложуваат целото срце во љубовните врски – дури и кога им носат повеќе тага отколку радост.