Хороскоп за понеделник, 28-ми април 2025 годинa

ОВЕН (21. 3 – 20. 4)
Нептун, симболот на фантазијата и идеите, денес првпат во вашиот живот доаѓа на првиот степен (иницијатива, акција) од вашиот знак, што носи успех за уметниците, научниците и лекарите. Слободните може да запознаат некој што работи во здравството. Можна е алергија.
БИК (21. 4 – 21. 5)
Аспектите на Нептун, првпат во вашиот живот, ветуваат успех преку работа поврзана со науката, уметноста, медицината или фармацијата. Добивате понуда за работа од странство. Еден Рак мисли на вас. Болка во грбот.
БЛИЗНАЦИ (22. 5 – 21. 6)
Јупитер, симболот на среќата, во вашиот знак создава одлични аспекти со вашиот владетел Меркур, носејќи ви успех во образованието и преку кратки патувања. Имате поддршка од Водолија. Внимавајте со договори и потпишување документи. Опасност во сообраќајот.
РАК (22. 6 – 22. 7)
Позицијата на Нептун, кој управува со контактите со странци, најавува позитивни промени во кариерата, премин на нова работа или почеток на дополнителен ангажман. Договор со влијателна личност за профитабилен ангажман. Хормонален дисбаланс.
ЛАВ (23. 7 – 22. 8)
Опозицијата помеѓу Марс во вашиот знак и Плутон во седмата куќа предупредува на проблеми во партнерскиот бизнис, како и со судски процеси. Слободните очекуваат средба со личност која живее во друг град. Кардиоваскуларни проблеми.
ДЕВИЦА (23. 8 – 22. 9)
Опозицијата на Марс и Плутон во куќите на пречки и работа носи проблеми при патувања и во работи поврзани со образование, издаваштво и соработка со странци. Пари пристигнуваат од два извори. Бидете внимателни со вложувањата во нови бизниси.
ВАГА (23. 9 – 22. 10)
Нагласената седма куќа за слободните најавува средба со личност која одамна сака да ве види. Добивате понуда за хонорарен ангажман. Успех преку патувања и контакти со странци. Бидете повнимателни при вложување во нови проекти.
ШКОРПИЈА (23. 10 – 22. 11)
Нептун на првиот степен на Овен, првпат во вашиот живот, носи посебна инспирација за уметниците. Имате амбициозни планови поврзани со странство, но проблеми создаваат шефови и деловни партнери. Променете го начинот на исхрана.
СТРЕЛЕЦ (23. 11 – 21. 12)
Позицијата на вашиот владетел Нептун, планетата на фантазијата и идеите, носи инспирација за писатели и сценаристи. Пари пристигнуваат преку јавни дејности, уметност или адвокатура. Склоност кон импулсивни одлуки кога е во прашање саканата личност.
ЈАРЕЦ (22. 12 – 20. 1)
Аспектите на Марс и Плутон, кои управуваат со вашиот приватен и општествен живот, носат предизвикувачки понуди што бараат и одредени инвестиции. Конјункцијата на вашиот владетел Сатурн и Венера враќа стара симпатија во вашиот живот.
ВОДОЛИЈА (21. 1 – 19. 2)
Нептун, владетелот на вашата кариера, на првиот степен на Овен, првпат во вашиот живот, носи неочекуван извор на приходи. Проблеми со деловни партнери, судски процеси и приватен бизнис. Послушајте совет од Стрелец. Главоболка.
РИБИ (20. 2 – 20. 3)
Денес вашиот владетел Нептун, симбол на фантазијата, доаѓа на првиот степен на Овен, првпат во вашиот живот, носејќи ви договор за профитабилна работа. Сепак, до крајот на април не вложувајте во нов проект. Девица мисли на вас. Бидете повнимателни при возење.
The post Хороскоп за понеделник, 28-ми април 2025 годинa appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: