Хороскоп 03.11.2019: Овните загрижени за иднината на врската, Близнаците ги очекуваат несогласувања со соработниците

Овен

Работa: Не е поволен ден за промени на работата или за било какви драстични потези или одлуки.
Љубов: Со партнерот немате добра комуникација и загрижени сте околу иднината на врската.
Здравје: Проблеми со реума.

Бик

Работа: Можно е да пробувате да остварите напредок, но околностите во моментов не ви го дозволуваат тоа.
Љубов: Очекувајте средба со личноста која ќе сака да оствари пристоен однос со вас.
Здравје: Избегнувајте цигари.

Близнаци

Работа: Ве очекуваат некои мали несогласувања кои се врзани за работа. Пред вас е период во кои ќе има несогласувања со соработниците.
Љубов: Делувате ладно во контактот со личноста која пробува да ви се приближи.
Здравје: Не би требало да има проблеми.

Рак

Работа: Не е поволен ден за решавање на било каква работа со документи. Големи се шансите да имате компликации.
Љубов: Многу сте вљубени и ви значи кон саканата личност да ги покажете чувствата.
Здравје: Одлично.

Лав

Работа: Можно е во некои работи повеќе да се потпирате на своите соработници, а вие лично не превземате некоја иницијатива.
Љубов: Пред вас е период на промени кога е во прашање љубовта.
Здравје: Проблеми со уринарни патишта.

Девица

Работа: Не е претерано поволен ден кога е во прашање вашето работно поле. Се укажува на некои проблеми и пречки.
Љубов: Ќе ви треба некое време да донесете конечна одлука по прашањето на вашата љубовна врска.
Здравје: Водете сметка околу синусите.

Вага

Работа: Ќе имате напорен ден и нема да ви биде лесно со сите обврски да излезете на крај и да се организирате.
Љубов: Стабилната ситуација на ова поле ве радува, и задоволни сте од односот кој го имате со саканата личност.
Здравје: Добро.

Шкорпија

Работа: Можно е во текот на денешниот ден да имате разни нестабилности и проблеми на ова поле.
Љубов: Ново познанство наскоро ве очекува. Пред вас е период во кој може да имате интересни случувања.
Здравје: Проблеми со срцето.

Стрелец

Работа: Можно е во текот на денешниот ден да бидете свртени кон некои промени кога е во прашање работното поле.
Љубов: Потрудете се да и покажете на саканата личност подготвеност да се посветите на вашиот однос.
Здравје: Чувствителност околу варењето на храната.

Јарец

Работа: Лесно може да дојдете до конфликт или несогласувања со надредените денеска, па водете сметка околу тоа.
Љубов: Очекувајте интересен флерт со личноста која ви се појавува сосема изненадно.
Здравје: Ве мачат проблеми со кашлица.

Водолија

Работа: Променливата ситуација која владее во вашето работно опкружување може да биде прилично лоша за вашата психа.
Љубов: Наскоро ќе имате шанса да се запознаете со личност која ќе ви ги покаже искрените чувства и наклонетост.
Здравје: Проверете ја штитната жлезда.

Риби

Работа: Немате доволно концентрација и не ви е лесно да ги извршите сите обврски.
Љубов: Се појавила некоја нова личност во вашиот живот, и засега не сте сигурни како да се поставите кон неа.
Здравје: Повеќе одморајте.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.