Поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон на возраст од 78 години денеска бил хоспитализиран со треска, според неговиот заменик-шеф на кабинетот, извести Агенцијата АП.
“Претседателот Клинтон беше примен во медицинскиот центар на Универзитетот Џорџтаун попладне за тестирање и набљудување откако се здоби со треска, се вели во информацијата.