Хотелите повеќе не се фалат со “all-inclusive” понуди, туку со вентилациски системи

Откако настапила пандемијата на коронавирусот, прочистувањето на воздухот станало императив во сите услужни објекти, ако сакаат да привлечат гости и да го одржат работењето.
Новиот тренд меѓу хотелиерите е “рекламирање” на чистиот воздух, поточно ланецот хотели и одморалишта “The Leela Palaces” почнал со промоција која е проследена од пораката “Воздивнете од среќа додека седите во Палатата со “Breath” – нашиот нов систем за прочистување на воздух”.
Ентериерот, богата “all-inclusive” понуда, базени, спа-центри, врвна услуга, технологија, модерните соби и слично – моменталнои се во втор план. Во 2021-ва година најважно ќе биде колку е просторијата чиста и безбедна.
Додека делумните блокади и натаму се на сила, а луѓето се желни за патувања, хотелиерите бараат нови начини да привлечат гости и да го одржат работењето, па така сега нудат специјална понуда: воздух без вируси, односно прочистен воздух.
Тука своето место го нашле “ХЕПА” воздушните филтрации, како и плазма системите за прочистување, бидејќи чистиот воздух е нешто што луѓето сега го очекуваат, а слободно можеме да кажеме дека станал луксуз.


Вo хотелите, секако, цело време има задолжени протоколи за дезинфекција, иако поентата е да се биде најдобар во тоа – да се применат вонредни системи, иако не е 100 проценти докажано колку добро прочистениот воздух помага во елиминирање на вирусот.
Од Американското здружение на инженери за греење, ладење и клима велат дека, во однос на разните технологии за чистење или дезинфекција на воздухот, биполарната јонизација е најмалку истражена, поточно, има помалку документирани резултати во поглед на чистењето.
Сепак, хотелите можеби ќе мора малку повеќе да се потрудат во настојувањето да ги намамат клиентите. Многумина ќе продолжат да патуваат како претходно, дури кога вакцинацијата ќе стане масовна.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.