Храна и пијалаци кои не треба да ги консумирате пред спиење

На квалитетот на нашиот сон не влијае само времето кога си легнуваме или положбата во која спиеме. Овие намирници не треба да ги консумираме пред спиење.
Некои намирници или состојки во храната имаат лошо влијание на нашиот организам, а ова го нарушува процесот на спиење. Доволно е само да внимавате што јадете и ќе спиете мирно и убаво.
Сокови
Соковите се полни со шеќери, а се корисни во текот на денот за да добиете енергија, но не треба да пиете сокови пред спиење.
Зеленчук


Пред спиење не треба да јадете брокула, зелка и прокељ.
Слатка храна


Треба да ги избегнувате и слатките работи пред спиење. Високото ниво на шеќер ќе ви даде енергија и ќе останете будни.
Зачинета и мрсна храна


На организмот му треба време за да го свари овој вид на храна, па затоа нема да заспиете долго долго додека трае тој процес.
Алкохол
Алкохолот го ремети ритамот на сонот.
Можеби ќе ви помогне да заспиете полесно, меѓутоа ќе се разбудите неколкупати во текот на ноќта.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.