Храна која можете да ја користите и по истекот на рокот за употреба

И покрај тоа што не е препорачливо да ја користите храната по истекот на рокот на употреба, одредени производи можете да ги употребувате и по истекот на рокот на употреба.
Американските медиуми составија листа на намирници кои можат да се конзумираат и по истекот на рокот на употреба, и додаваат дека рокот на употреба повеќе се однесува на свежината на производот, а не дека е штетен за козумирање по истекот на рокот.
Кечап.
Кечапот во фрижидер ќе го задржи својот квалитет цели шест месеци. По истекот на рокот на употреба, шест месеци се сигурен период во кој можете да го конзумирате, oсвен ако не се појави чудна миризба или доколку забележувате дека кечапот почнува да се пени. Во тој случај не е сигурен за употреба.
Маслиново масло
Маслиновото масло може да остане свежо од 18 до 24 месеци. Се препорачува да се чува на ладно и темно место, па дури и во фрижидер.
Соино млеко
Соиното млеко е произведено на сличен начин како и кравјото, и тука важи истото правило како и кај кравјото млеко.
Мед
Медот својот квалитет го задржува се дури не се потроши.
Маргарин
Можете да го искористите и до две седмици по истекот на рокот. Замрзнатиот маргарин можете да го чувате и до девет месеци.
Кафе
Отворено пакување мелено кафе е сигурно за употреба од 3 до 5 месеци по отворањето, а зрното кафе дури 6 месеци.И покрај тоа што не е препорачливо да ја користите храната по истекот на рокот на употреба, одредени производи можете

Пронајдете не на следниве мрежи: