Храна која може да предизвика депресија

Храната честопати може да биде одговорна за нашето расположение, а јадењето одредена храна може да доведе до депресија.
Покрај тоа што има храна што го подобрува расположението, има и таква кои го расипуваат. Дознајте подолу каква храна треба да избегнувате.
Рафинирани јаглехидрати
Истражувачите од универзитетот Колумбија докажале дека исхраната богата со рафинирани јаглехидрати предизвикува депресија. Имено, кај повеќе од 70.000 жени кои јаделе рафинирани јагленихидрати депресијата растела, додека исхраната богата со цели зрна всушност ги намалила симптомите на депресивните состојби.
Шеќер
Исхраната богата со шеќер предизвикува бројни воспаленија во телото, вклучително и мозокот, што доведува до намалување на расположението.
Вештачки засладувачи
Покрај фактот дека шеќерот е штетен на нашето расположение, не помалку лошо делуваат и вештачките засладувачи. Истражувањата покажале дека овие засладувачи ги влошуваат симптомите кај луѓето кои страдаат од депресија. Исто така, се покажало дека оваа замена за шеќер го намалува производството на серотонин.
Транс масти
Познато е дека конзумацијата на маслиново масло го намалува ризикот од многу болести, но исто така, транс мастите го зголемуваат ризикот од депресија за 48%.
Преработена храна
Студија објавена во Британскиот журнал за психологија покажала дека луѓето кои консумираат преработена храна имаат многу поголем ризик од развој на депресија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.