Храна која најдобро го хидрира телото – за оние кои забораваат да пијат вода

Летото е речиси пред прагот и иако температурите сè уште се пониски, веројатно наскоро ќе ги дочекаме и топлите летни денови. А, сите знаеме дека на топло време, мораме да внесуваме повеќе течности.
Во летните денови е навистина лесно да дехидрирате, дури и без да биде терет. Експертите велат дека штом сте почувствувале жед, веќе се соочувате со блага дехидратација.
Ако немате навика често да пиете вода, можете да му помогнете на вашиот организам со некои видови храна.
Во продолжение погледнете која храна најдобро го хидрира вашиот организам (процентите го покажуваат приближното количество вода во еден плод):
Лубеница: 92% вода


Доволно е едно парче лубеница за да замените една чаша вода. Уште подобро е што има малку калории – во едно парче има околу 86 калории.
Јагоди: 92% вода


Јагодите можете да ги јадете свежи, да ги додадете во смути, или да ги ставите во вода за да ѝ го подобрите вкусот.
Краставици: 96% вода


Исто како јагодите, и краставиците можете да ги јадете свежи или да ставите неколку парчиња во бокал со вода. Истовремено, краставицата можете да ја користите и за хидратација на кожата на очите – исечете две крукчиња и оставете ги неколку минути на очните капаци.

Целер: 95% вода


Покрај големото количество вода, целерот е богат и со антиоксиданти, витамин и минерали.
Печурки: 92% вода


Ако ги пржите или печете, печурките ќе изгубат поголем дел од водата, па во овој случај, најдобро е да ги користите за да направите супа. Печурките се одлична храна за веганите и вегетаријанците, бидејќи се богати со протеини.
Спанаќ: 91% вода

И спанаќот губи дел од водата кога го готвите, па ако го користите како замена за вода, подобро консумирајте го свеж.
Домати: 95% вода


Во лето, ништо не може да ја замени салатата со домати. Некои луѓе сакаат да ги јадат посебно, други мешано, а од нив лесно можете да направите и здрав домашен сок.
Иако овие овошја и зеленчуци ќе ви помогнат да го зголемите внесот на вода, експертите препорачуваат барем 80% од целата вода да ја внесувате преку течности, а не храна.
Ако не можете да пиете многу вода, почесто пијте незасладени чаеви, како црн и зелен, а одвреме-навреме и кисела вода со вкус.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.