Храна што не смеете да ја подгревате – си го ризикувате здравјето

Некои готвени јадења не е препорачливо да ги подгревате бидејќи постои ризик од здравствени проблеми и тешки заболувања.

Ако немате време секојдневно да готвите, имајте ги на ум овие неколку јадења што никако не смеете да ги зготвите и подоцна да ги подгревате за јадење. Најдобро е ваквите јадења да ги оставите за деновите кога можете веднаш да ги зготвите или да ги јадете без подгревање.
Најчесто причината е појавата на бактерии со стоењето што не може да се уништат со подгревање, или протеини чии молекули се разградуваат на топлина.

Пилешко месо
Пилешкото, како и месо од друга живина, многу често е заразено со салмонела, што може да претставува посебен проблем ако јадењето со пилешко повторно го загреете во микробранова печка чии бранови не продираат до сите делови на храната како кога се загрева на шпорет. Затоа е неопходно, ако веќе го загревате пилешкото месо, да го завртите од сите страни за да може топлината да продре до средината на месото.
Подгревањето на пилешкото месо исто така не се препорачува бидејќи за разлика од црвеното месо, има поголема густина на протеините што при загревање поинаку се разградуваат, што може да предизвика стомачни тегоби.

Ориз
Најважно во врска со готвениот ориз е чувањето на јадењето по готвењето.
Ако го чувате оризот на собна температура, се намножуваат бактерии што може да произведат отров што предизвикува повраќање и дијареа.
Со подгревањето нема да се елиминираат овие отрови.

Компир
Слично како оризот, проблемот не е толку во подгревањето, колку што е до начинот на чување.
Ако зготвениот компир се чува на собна температура наместо во фрижидер, се создаваат идеални услови за развој на бактеријата Clostridium Botulinum, која предизвикува ботулизам, особено ако компирот е завиткан во фолија, што го спречува дотокот на кислород.
Со подгревањето нема да се елиминира оваа бактерија.
Спанаќ и друг лиснат зеленчук
Спанаќот и другиот лиснат зеленчук, во зависност од тоа каде се одгледува, може да содржи значително количество на нитрати, кои не се опасни, но може да преминат во нитрити, а потоа во нитрозамни за кои е познато дека се канцерогени.
Тие може да влијаат врз способноста на крвотокот да носи кислород до органите, а особено лошо да се одрази кај мали деца.

Печурки
Печурките содржат протеини кои ензимите и микроорганизмите може многу лено да ги разложат. Ако не се чуваат соодветно, може многу лесно да се расипат и да предизвикаат стомачни проблеми по подгревање.
Се препорачува да не се чуваат во фрижидер подолго од 24 часа, а ако мора да ги подгревате, тоа да биде на температура над 70 степени Целзиусови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.