Храна што треба да ја јадете и храна што треба да ја избегнувате за време на менструација

Женското тело има потреба од различни хранливи материи во текот на целиот менструален циклус. Причината за ова не е секогаш промената на хормоните.
Поради крвавењето, жените треба да ги надополнат изгубените витамини и минерали.
Со правилната исхрана можете и да ги избегнете грчевите, подуеноста, главоболката, гадењето и заморот, кои доаѓаат со менструацијата.
Па, погледнете која храна е добра, а која треба да ја избегнувате за време на менструација:
Храна што треба да ја јадете за време на менструација
Брокула
За време на менструација, организмот најмногу губи железо. Брокулата ќе ви помогне да надополните за оваа загуба. Покрај железо, брокулата е богата и со хранливи влакна, магнезиум и калиум. Овие материи, пак, ја намалуваат подуеноста, ја подобруваат дигестијата и ги релаксираат мускулите.
Банана


Бананата е најдобрата ужина за време на менструација. Ова овошје е богато со калиум, магнезиум и хранливи влакна.
Овие материи ја подобруваат дигестијата и го намалуваат ризикот од дијареја. Истовремено, бананата ќе ви ја намали желбата за други нездрави грицки.
Темно чоколадо


Сега имате одличен изговор да јадете чоколадо.
Темното чоколадо е богато со железо, магнезиум, антиоксиданси и флаваноли. Флаванолите го подобруваат крвотокот и го опуштаат крвните садови, а веќе знаете и дека чоколадото го подорува расположението.
Лосос


Лососот треба да биде дел од исхраната на секој. Оваа риба содржи здрави омега 3 масни киселини и е одличен извор на протеини.
Јадењето лосос за време на менструација ги намалува воспаленијата, ги ублажува грчевите и некогаш може да го регулира нередовниот менструален циклус.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.