Хрватска:Мртов пијан спиел среде автопат, возачите мислеле дека е повреден

Мртов пијан маж спиел на автопатот Далматина, додека возачите кои минувале мислеле дека е повреден во сообраќајна несреќа.Повикана била полиција која утврдила дека човекот бил во тешка алкохолизирана состојба.За среќа сето ова не резултирало со трагедија, а читател на Дневник.хр испратил до редакцијата електронска пошта за тоа што затекнал пред два дена на автопатот Загреб-Сплит, пред Задар.„Почитувани во петок, 15 февруари на автопатот Далматина во непосредна близина пред Задар, во правец на Шибеник, се случи нешто неверојатно! Непознат маж мртов пијан спие на сред автопат. Откако два автомобила го забележале и успеале да избегнат несреќа и јас застанав за да помогнам во евентуалната несреќа. Помислив дека се случила сообраќајна несреќа со смртни последици, но сè помина во ред“ напишал читателот.Читателот дополнително во телефонски разговор за Дневник.хр појаснил дека возачите повикале полиција, но во меѓувреме успеале да го разбудат човекот. Тој се оддалечил од автопатот, па загрижените возачи ја контактирале полицијата и кажале дека нема потреба од интервенција.Но сепак на лице место излегле полициските службеници од Задар, но не затекнале никого.
МакфаксМртов пијан маж спиел на автопатот Далматина, додека возачите кои минувале мислеле дека е повреден во сообраќајн

Пронајдете не на следниве мрежи: