Хрватската пејачка на 41 година ќе стане мајка- од глетката во бикини и стомак до заби фановите имаа што да видат

Хрватската пејачка Маја Шупут во седмиот месец од бременоста позираше на плажа во Дубаи облечена во бикини.
Пејачката која редовно ги изненадува фановите со своите фотографии од бременоста, сега реши да откри и како навистина изгледа таа само два месеци пред породувањето и тоа ни помалку ни повеќе туку во костим за капење.
Од глетката фановите позитивно се изненадија, а голото меше е доказ колку е „порасната“ пејачката.
Фотографијата не би била целосна доколку нејзиниот сопруг не го бакнува бремениот стомак.
Инаку пејачката има 41 година и за прв пат ќе стане мајка на момче.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.