Хрватската пошта оствари рекордни приходи и профит минатата година, благодарение на повеќекратните зголемувања на цените за нејзините услуги во последните години. Приходите на државниот гигант изнесуваа 322 милиони евра, што е зголемување од 19 проценти. Остварена е нето добивка од 31 милион евра, што е зголемување за дури 128 проценти. Поштата, исто така, ги зголеми платите на вработените.
Просечната нето плата минатата година изнесувала околу 1.270 евра месечно, што е приближно 230 евра повеќе од претходната година, според годишниот финансиски извештај на компанијата. Денес во Хрватската пошта работат околу 8.000 луѓе, што е за околу 300 помалку отколку претходната година. Поштата изгуби речиси 1.000 вработени во последните пет години, информира Даница.хр