Хрватска во транс, ракометарите се во финале на СП!

Хрватска е во транс.Нивните „ватрени“ се во финалето на Светското првенство откако го совладаа големиот фаворит Франција.Откако сите помислија дека ќе немаат сили по трилерот со Унгарија, хратската репрезентација се надмина себеси.

Срна, Дувњак, Мараш, Шипиќ,голманот Кузмановиќ играа со многу памет, оставија срце на терен и резултатот 31-28мораше да дојде. Kaко доказ за немоќта на Французите е тоа што не водела ниту еднаш на мечот.

На француските звезди вечерва не им беше денот, и само на средината на второто полувреме успеаја накратко да се доближат.Кузмановиќ му одбрани зицер на Ремили, Мен не можеше да погоди ниту од линијата за шест. Фабрегас ја држеше Франција колку-толку во живот.

Со оваа победа Хрватска е на чекор до светскиот трон, ќе го чека победникот од мечот Данска-Португалија.

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.