Хрватска го менува законот по шведскиот модел: Проституцијата нема да биде незаконско дело

Пред хрватските законодавци наскоро би можело да најде предлог за измена на законот, што подразбира воведување на т.н. на шведскиот модел, според кој проституцијата нема да се смета за прекршок.

При хрватското Министерство за внатрешни работи е формирана меѓуресорска работна група, во соработка со експерти, универзитетски професори, научници, претставници на правната фела и невладини здруженија, која направи сеопфатна анализа на постоечкиот Закон за прекршоци против јавниот ред и мир, кој ја регулира и проституцијата, а потоа предложи хрватското законодавство да го преземе т.н шведскиот модел, според кој за проституција не се казнуваат проститутките, туку само клиентите.

Како што потврдија за „Јутарње лист“ три независни извори, ваквиот заклучок добил политичка поддршка, но сите инволвирани во процесот се обврзале дека нема да зборуваат за тоа додека предлогот не го изнесе одговорниот министер Давор Божиновиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи: