Хрватска треба да ја гледаме како наш ментор во евроинтегративниот процес и од политичка, но и од техничка гледна точка, рече вечерва министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски по средбата со неговиот хрватски колега, Гордан Грлиќ Радман.
Како што соопштија од македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија, средбата меѓу двајцата министри е искористена и за разговори за актуелните меѓународни и регионални прашања, како и за внатрешнополитичките и економските состојби во двете земји.
„Ние го немаме луксузот да кажеме дека престануваме со патот кон ЕУ во било кој момент. Напротив, мораме фокусирано да работиме на домашната агенда. Испорачуваме резултати, што е посебно видливо по однос на реформската агенда во последните неколку месеци“,рече Муцунски.
Посочи дека мора да се најде решение на предизвикот со Бугарија, да имаме активен дијалог, но во рамки на нашите принципиелни позиции.
„Не смееме да дозволиме да продолжиме да бидеме заложници на билатерални процеси, тоа не е фер кон оваа држава, тоа нашите граѓани и нашите институции не го заслужуваат и затоа, треба да се најде некое рационално решение кое нам како држава и на нашиот народ ќе ни даде предвидливост по европскиот пат кој без никаква дилема огромно мнозинство во земјава го посакува“,вели тој.
Информира дека веќе остварил телефонски разговор со новата бугарска министерка за надворешни работи од техничката влада и најави средба во прва пригода.
Радман: Северна Македонија е подготвена и заслужува членство во ЕУ многу брзо
Сепак, укажа на потребата од максимална внимателност поради предизборниот период во Бугарија, со цел земјава да не стане дел од нивниот изборен наратив.
Мицкоски за патот кон ЕУ: Мора да обезбедиме гаранции дека нема повеќе условувања
Пронајдете не на следниве мрежи:


