Хрватска компанија удри по организаторите на СП- Откако ја оставија да накисне Колинда

Финалето помеѓу Франција и Хрватска на Светското првенство во Русија се уште е топ тема во сите светски медиуми.
Според некој истражувања Хрватската претседателка овие денови била топ 1 личност во сите медиуми и била повеќе застапена дури и од најпознатиот хрватски фудбалер Лука Модриќ.
Но она што на сите им остави впечаток е доделувањето на медалите на СП и дождот кој буквално ги покисна Колинда и Макрон додека Путин остана сосема сув.


По тој повод една хрватска компанија со име „Дожд“ во знак на разочараност и „не спремност“ на организаторите му пратила десет чадори на Путин во знак на благодарност за гостопримството на СП.


Со чадорите следува и мобилна апликација која го најавува дождот, што е од голема корист за организаторите на големите спортски настани на кои доаѓаат милиони луѓе од целиот свет, како и претседателите на многу држави.
Овој револт кај компанијата се јавила откако руските медиуми го кривеа обезбедувањето на Колинда и Макрон, бидејќи тие биле задолжени за носење чадори за нивните претседатели, а не и организаторите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.