Хрватска од идната недела ја отвора летната туристичка сезона

Откако хрватскиот министер за туризам го претстави планот за отворање на летната туристичка сезона, во кој се предвидува дека до крајот на мај патувањето ќе биде олеснето за Словенија, Австрија, Унгарија, Чешка и Словачка, а во текот на јуни за Германија, Полска и други земји, хрватскиот туристички сектор, преку Хрватското здружение за туризам, презентираше план за отворање на туристичките капацитети и препораки за туристички патувања во Хрватска.


Планот за отворање на туристички објекти предвидува отворање на камповите во Истра, Кварнер и Далмација, како и некои хотели до крајот на мај, а целосното отворање на повеќето хотели и сите други туристички услуги на дестинациите се очекува во текот на јуни.
Хрватските граници се отворени за туристи. По влегувањето, туристите мора да имаат потврда за резервација за сместување, а на границата ќе добијат упатства за безбеден престој во земјата.
Исто така, се изработува и туристичка апликација, со која гостите ќе можат однапред да го најават своето пристигнување и којашто ќе им овозможи побрзо да ја преминат границата. Апликацијата ќе овозможи воведување и на брз режим на влез на туристите во Хрватска до крајот на месецот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.