Хрватска ќе го усвои еврото на 1 јануари 2023 година

Хрватскиот парламент усвои закон за воведување на еврото следната година.

Противниците на мерката предупредија дека таа ќе ги зголеми сиромаштијата и инфлацијата. Сепак, 117 од 151 пратеник ги отфрлија овие аргументи со образложение дека усвојувањето на еврото ќе ги намали каматните стапки, ќе го подобри кредитниот рејтинг на Хрватска и ќе создаде услови за повеќе инвестиции во земјата.

За зачувување на националната валута гласаа само 13 пратеници. По 1 јануари 2023 година, куната ќе продолжи да биде во оптек паралелно со еврото, но само една година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.