Хрватскиот министер за надворешни работи се извини што пред камерите ја бакна својата германска колешка.
Шефот на хрватската дипломатија предизвика контроверзии на состанокот на министрите на ЕУ во четвртокот во Берлин. Министрите се фотографираа, камерите снимаа, а последна им се придружи германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок . Таа застана до Горан Грлиќ-Радман , кој прво ѝ ја подаде раката, а потоа ја бакна.
- Дали Рубио ќе ја напушти администрацијата на Трамп за да се подготви за кандидатура за Белата куќа во 2028 година?
- Лажни договори, фалсификувани потписи и закани за изнуда: Истрага против група од Куманово, осомничен и нотар
- Крадци упаднале во продавница во Швајцарија, украле 30 електрични велосипеди во вредност од над 100.000 франци
- Муцунски: Бараме безбеден и предвидлив пат кон ЕУ, извештајот не е критика, туку насока
- СДСМ: Ниту едно од двете сценарија на Мицкоски за Алта банка не е одржливо
Камерите го овековечија неговото наведнување кон Бербокова и бакнежот, а на германската министерка како да и беше малку непријатно и не возврати.
Грлиќ-Радман е критикуван во некои хрватски медиуми, а активистката за правата на жените Рада Бориќ го опиша инцидентот како „многу непримерен“.
Министерот Грлиќ-Радман овој момент го нарече „топол, човечки пристап кон колешката“. Но, тој призна дека „моментот можеби бил незгоден“ и се извини на секој што го сфатил неговиот потег како навредлив. Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок засега не го коментира видеото.
Пронајдете не на следниве мрежи:



