Хрватски репрезентативец им го понуди својот хотел на Јадранот на жителите на Петриња

Нов силен земјотрес од 6,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди Хрватска. Најмногу настрада градот Петриња, во чија близина беше епицентарот на разорниот земјотрес.
Бројни хрватски клубови и спортисти реагираат со пораки за поддршка, а Дејан Ловрен им понуди сместување на граѓаните на Петриња кои останаа без покрив над главата.
Хрватскиот фудбалски репрезентативец испрати порака на Инстаграм дека 16 семејства кои останале без покрив над главата ќе бидат сместени во неговиот хотел во Новаља.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dejan Lovren (@dejanlovren06)


Да потсетиме, Ловрен веднаш по земјотресот испрати јасна порака.
“Молете се! Очигледно сме му замериле на некого. Жал ми е за сите луѓе кои ги доживуваат овие стравови. Нешто страшно. Најголемите молитви одат во градот Петриња. Држете се драги луѓе. Не дозволувајте да нè разделат. И јас топло би препорачал веднаш да се укинат пропусниците. “, објави стоперот на Зенит.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.