Вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ, изјави дека припадници на Управата за криминалистичка полиција уапсиле хрватски државјанин во Белград и заплениле 15 килограми кокаин и килограм синтетичка дрога МДМА.
„Во Белград уапсени припадници на Управата за криминалистичка полиција Љ. К.(54) државјанин на Хрватска и З.Т.(40) и заплениле 15 килограми кокаин и килограм синтетичка дрога МДМА. Лицата ќе бидат предадени на обвинителството за понатамошно постапување“, изјави министерот Дачиќ.