четврток, 26 ноември 2026
Најново

Хрка се врати од болница – примила инфузија, продолжува со штрајкот со глад

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Дијана Хрка, мајката на една од 16-те жртви на трагедијата во Нови Сад, вечерва беше прегледана во приватна клиника и по околу час и половина се врати во шаторот каде што штрајкува со глад веќе 11 дена, каде што ја пречекаа граѓани кои ја поддржуваат, објави Нова.рс.

Еден од ветераните што ја обезбедуваа накратко им рече на новинарите дека примила инфузија и дека нејзината состојба во моментов е стабилна и дека продолжува со штрајкот со глад.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Дијана Хрка го напушти шаторот во близина на српскиот Парламент кратко пред 20 часот, каде што штрајкува со глад барајќи одговорност за смртта на нејзиниот син Стефан и за 15 други загинати од падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад.

Граѓаните одржааа молитва за Дијана Хрка околу 20 часот.

Поврзани вести