Хронологија на лицемерието или како се лажат и замајуваат членовите на ВМРО-ДПМНЕ

Хронологија на лицемерието или како се лажат и замајуваат членовите на ВМРО-ДПМНЕ

Мала ретроспектива:

27 февруари 2018. 15.000 души на студ и снег протестираат против идејата за промена на името. Мицињата „СЕ ОГРАДИЈА“

17 јуни 2018. Масовни протести во Скопје против капилитулацијата од Нивици. Мицињата “СЕ ОГРАДИЈА”. Ги однесоа своите слепи следбеници на прошетка во Битола.
Вечерта, додека полицијата со шок бомби, солзавец и насилства го растураше протестот и апсеше народ, Мицето си беше на концерт на Ерос Рамаѕоти. Ни збор за протестот и насилствата.

Договорот е противуставен, прекршени се сите собраниски процедури. Мицињата не ни помислуваат да го напуштата собранието, да искрат инвентар, да фрлат солзавец. Ни глас не подигаат, не па да пеат и плескаат со рачињата кога нелегално се избираше претседател на собранието. КООПЕРАТИВНИ се.

Потоа Мицињата се КООПЕРАТИВНИ за тоа кој да биде председател на ДИК кога муртинците објавија дека ќе прават референдум. На мицињата на крај памет не им е да го напуштат собранието и да ги запрат, блокираат сите процедури, да повикаат на бунт. Играат кооперативно и колаборативно.

Референдумот наближува, Мицињата тактизираат. „Кои сме ние да му кажуваме на народот како да гласа“ – им е ставот. Организираат уште една провинциска прошетка за овчичките – овојпат во Струмица. Мора да ги држат во кондиција (читај во заблуда). Пазарот сака поише мускулести бајчиња.

2ри Август 2018. На мечкин камен се сјатуваат родољуби да го искажат својот став за предавството од Нивици и да го поткрепат Претседателот на Републиката. Мицињата своите следбеници ги носат што подалеку – у факинг Ташмаруништа,.

30 Септември 2018. На референдумскиот ден мицињата се без став. Во 11 часот е јасно дека референдумот пропаѓа, се јавува Мицето – немало да гласа. Генсекот почека уште малку. Се јави дури во 16ч дека немало да гласа.

19 Октомври 2018. Мицињата ги носат пратениците во собранието и ги оставаат таму да бидат 12 часа обработувани од муртинците. Не прават ништо да ги повлечат во штабот, да излезат пред собранието, да го повикаат народот на општ протест и бунт. Ниту дигаат врева во салата, ниту глас да им се чуе. Ги подаваат таргетираните пратеници на чистина, за да бидат обработени, они потоа да глумат патриоти. Народот очекува Масовни протести и отпор од секаков вид. Мицињата си гледаат у малите куриња.

20 Октомври 2018. Мицињата ги искључуваат пратениците кои ги однесоа на 12 часовна обработка кај муртинците. Работата е завршена и тие сега може да продолжат да глумат патриоти без да се виновни, а при тоа да се КООПЕРАТИВНИ. „Ќе избркаме пар души од партијата, ќе дадеме уште пар жестоки прес конференции“. Бајчињата ќе ја проголтаат и оваа прикаска.

23 Октомври 2018. Народот очекува протести, Мицињата се во театар плескаат рачиња на новиот лидер. Веќе не е “Никола, Никола“. сега е “Христијан, Христијан“. Неважно е што цело време има дезавуација. Важно е да се гради култ на личноста. Стара добра комунистичка пракса. Ни збор за протестите.

За тоа време 200 тврдокорни души протестираат пред собранието, Мицињата се на коктелче.

11 Јануари 2019. Мицињата како попчиња си влегуваат во салата на седница на која треба да се смени името. Сепак, треба да има парламентот пратеник-два резерва во случај некои од договорените да се пишмани во заден миг. Ниту глас да кренат, ниту врева, на солзавец, тепачка, демолирање на салата не им е ни на крај памет. Ветиле кооперативност кај странците. На општинските комитети им даваат заповед да не се излегува на протест.

Името се смени, Мицињата си ја истресоа вината од себе. Сценариото е извршено. Сега може спокојно да чекаат да добијат власт во свежопреименуваниот Северџанистан со благослов од странските покровители, како награда за кооперативноста при смената на името, ем да го зацементираат.

Фејсбук пост на Дарко Ѓорѓиев

Подолу линк до постот:

https://www.facebook.com/darko.gjorgjiev/posts/10223303180390581

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.