Хутите и палестинските милитанти планираат да го „обиколат“ Израел

Претставници на Хамас, Исламски џихад и Народниот фронт за ослободување на Палестина се состанаа со Хутите во Бејрут минатата недела, изјави претставникот кој сакаше да остане анонимен.

Палестински извори претходно изјавија дека средбата се одржала, при што еден од нив рече дека претставниците разговарале за „механизмите за координирање на акциите на нивниот отпор“ за „следната фаза“ од војната во Газа, која сега е во нејзиниот шести месец, пренесува Тајмс оф Израел.

Друг неименуван палестински извор рече дека учесниците на состанокот разговарале за „комплементарната улога на движењето Ансар Алах (Хути) заедно со палестинските фракции, особено во случајот со израелската офанзива на Рафах“.

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера соопшти дека тој одобрил воен план за копнена операција во Рафах, без да прецизира временска рамка.

Нападите на Хутите врз бродовите во Црвеното Море од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас ја нарушија глобалната трговија, акции за кои бунтовниците велат дека претставуваат знак на солидарност со Палестинците.

Пронајдете не на следниве мрежи: