Царината ги реши иновативните шверцери: Mакедонски државјанин скрил над 100.000 евра под акумулатор

Царинските инспектори од мобилните тимови од Секторот за контрола и истраги на граничниот премин Табановце во текот на минатиот викенд заплениле девизи кои македонски државјанин имал намера нелегално да ги внесе во државата, соопштија денеска од Царинската управа.

Откриени чет групи на Телеграм каде се разменувале видеа, фотографии и совети за силување на жени
Нова истрага откри постоење на повеќе групи на апликацијата Телеграм, некои со дури 70.000 членови, каде што корисниците отворено разменуваат совети и стратегии за сексуално насилство и напаѓање жени. Истражувањето, од германскиот радиодифузер …
Драма во Бразил! Авионот се урна при слетување! Падна покрај плажа, има мртви! (ВИДЕО)
Тешка авионска несреќа се случи во Бразил кога приватен авион се урна при обид да слета.Според локалните медиуми, во несреќата загинале две лица, меѓу кои и пилотот на леталото, а повредени се случајни …

– Поради сомневање, царинските инспектори извршиле детална контрола на возилото со кое лицето патувало и притоа во предниот дел од моторот под акумулаторот во фолија и во пластична зип кеса се пронајдени скриени странски девизи, за кои лицето не поседувало документ за потекло на парите и не ги пријавило, се наведува во соопштението.

– До каде оди „креативноста“ на шверцерите!? Погледнете го видеото каде што колегите од мобилната царина откриваат девизи под акумулаторот во едно возило. Непријавените девизи се одземени, објави директорот на Царина, Стефан Богоев на неговиот фејсбук профил.

Согласно Законот за девизно работење, лицето сторило девизен прекршок и против него поднесена соодветна пријава.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.