Царинската управа заплени 12,5 тони овошје и зеленчук на „Богородица“

Царинските службеници на граничниот премин „Богородица“ спречија обид за шверц на 12,5 тони овошје и зелечнук во вкупна вредност од 1,4 милиони денари.

Имено при контрола на стока во транзитна постапка, пронајдени се над три тони авокадо, 2,5 тони лута пиперка, 600 кг брокула, 2,3 тони јагоди, 3,3 тони киви и 40 кг печурки кои не биле пријавени со царинската декларација.

Непријавената стока која осомничениот се обидел да ја криумчари е запленета, а против него од страна на Одделението за истраги е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“.

Пронајдете не на следниве мрежи: