Иако деновите се сè уште топли и можете да уживате додека пиете кафе на топлото сонце, вечерите стануваат сè постудени, па растенијата треба да се приспособат на овие температури. Постојат растенија што можат да ги преживеат првата магла и постудените ноќи, но и такви на кои не им треба многу сончева светлина.
1. Темјанушки
Цвеќиња со кои балконот ќе изгледа магично во текот на есента
Овие цвеќиња се одличен избор за крајот на летото и почетокот на есента. Покрај тоа, тие се толку отпорни што можат да преживеат дури и на температура до -23 °С, што ги прави вистински избор за следните недели и месеци. Можете да ги најдете во многу различни бои: бела, жолта, виолетова, сина, портокалова, црвена, темносина, а ова цвеќе успева и во области под сенка.
2. Украсен кељ
Цвеќиња со кои балконот ќе изгледа магично во текот на есента
Интензивната виолетова или темнорозова боја на кељот се појавува кога температурите паѓаат под 10 °С. Овие обоени лисја никнуваат од средината на растението, па вашиот балкон ќе изгледа како да расцветал, дури и во средина на постудените есенски денови. За подобар изглед, најдобро е да засадите неколку заедно во поголема саксија и да им дадете неодолив изглед на балконот или на градината. Украсниот кељ може да порасне до 20 цм во висина и до 60 цм во ширина.
3. Красула
Цвеќиња со кои балконот ќе изгледа магично во текот на есента
Красулата изгледа како мало дрво, а по раната есен, можете да ја пренесете во домот и да ја одгледувате како домашно растение. Доволно е да ја наводнувате еднаш месечно, но не претерувајте бидејќи припаѓа на семејството сукуленти кои се познати по тоа што многу долго ја задржуваат водата во своите лисја.
4. Јапонска анемона
Цвеќиња со кои балконот ќе изгледа магично во текот на есента
Ова цвеќе е совршено за на места каде што нема директна изложеност на сончева светлина. Ова е повеќегодишно тревно растение и може лесно да се препознае по нежните, бели цветови. Елегантните стебла може да растат повеќе од еден метар во висина, но ако имате миленичиња, внимавајте да не дојдат во контакт со ова растение бидејќи е отровно за нив.