Тања Савиќ имаше големи проблеми со семејството поради сопругот Душан Јованчевиќ од кого се разведува.
Често се расправала со родителите, но и со сопствената сестра Билјана, со која една година не разговарала.
-Тој успеа, една година не разговарав со сопствената сестра. Ми рече дека мојата сестра лошо влијае на мене, а сестра ми е ангел. Ми зборуваше дека моите родители од мене ги сакаат само парите, а всушност зборуваше за себе, изјави Тања еднаш во емисијата „Магазин Ин“.
Сега тие две се блиски како порано, а Тања често истакнува дека нејзината сестра е нејзината најголема поддршка.