Италија воведе најстроги мерки за заштита од коронавирусот. Премиерот Џузепе Конте вечерва најави дека цела држава ќе биде „црвена зона“ поради драматичниот раст на заразени од коронавирусот. Тој најави забрана на јавни собири, движење само на работа или во итни случаи.
Претходно, како национална мерка беше воведувањетозабранет за влез и излез од Ломбардија и 11 други провинции, како и во контролираните области во Пиемонт и Емилија-Ромања.
И покрај воведувањето на карантин за повеќе области во северна Италија и изолација на над 16 милиони жители, за 24 часа биле регистрирани 25 проценти повеќе заразени од претходниот ден или сега се вкупно 9.172 заразени и дури 57 проценти повеќе починати од претходниот ден или сега се вкупно 463.