На 19 ноември, рускиот претседател Владимир Путин одобри промена на руската нуклеарна доктрина.
Рускиот министер за одбрана, Андреј Белоусов, на состанокот на Министерството за одбрана изјави дека Русија мора да биде подготвена за „секаков развој, вклучително и потенцијален воен конфликт со НАТО во Европа во следната деценија.“
Тоа го потврдуваат одлуките донесени на самитот на НАТО одржан во јули годинава. Овие одлуки се рефлектираат и во доктриналните документи на САД и другите земји членки на НАТО – изјави Белоусов.
Тој додаде дека руските вооружени сили „оперираат во рамките на интензивен конфликт со колективниот Запад“ оваа година, мислејќи на војната во Украина, која, според него, „продолжува да ескалира.“
Путин ја промени нуклеарната доктрина
На 19 ноември, рускиот претседател Владимир Путин одобри промена на руската нуклеарна доктрина.
Според новите правила за нуклеарно одвраќање, потпишани од Путин, Русија го потврдува правото да користи нуклеарно оружје како одговор на напади кои вклучуваат оружје за масовно уништување против Русија или нејзините сојузници.
Доктрината дозволува и употреба на нуклеарно оружје во случај на конвенционална воена агресија против Русија или Белорусија.
Шефот на НАТО: Не сме подготвени за тоа што Русија го подготвува
На крајот на минатата недела, шефот на НАТО, Марк Руте, предупреди дека алијансата не е подготвена за заканите со кои ќе се соочи од Русија во наредните години. Тој нагласи дека е време НАТО да премине на воен модел на размислување.
Руте изјави дека членките на НАТО за време на Студената војна трошеле повеќе од 3% од својот БДП за одбрана и истакна дека идните трошоци ќе мора да бидат значително повисоки од сегашните 2%, кои Организацијата на Северноатлантскиот договор им ги пропишува на своите членки.
„Русија се подготвува за долгорочна конфронтација со нас“
Русија се подготвува за долгорочна конфронтација, и со Украина и со нас – рече Руте во говорот во Брисел.
– Не сме подготвени за она што ќе ни дојде за четири до пет години – изјави генералниот секретар на НАТО и додаде:
– Време е да преминеме на воен начин на размислување и драстично да го зголемиме производството и трошоците за одбраната.
Russia must be ready for war with NATO in Europe in the next 10 years, – Russian defense minister Belousov. pic.twitter.com/23U1kS3Ef7
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) December 16, 2024